Летово започна снимањето на новиот документарен филм на Тамара Котевска, возбудлива приказна која не носи во далечниот Сибир во светот на племето Долгани, во светот на нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат од генерација на генерација.
Приказната на Тамара Котевска го следи конфликтот помеѓу традиционалните одгледувачи на ирваси и оние кои ископуваат мамутски коски за да ги продаваат на Кинезите.
-Наоѓање на визуелен јазик низ кој ќе се долови една тема и наоѓање на правата емоција која ќе допре до огромен број на луѓе. Тоа е магијата на филмот- вели Тамара за Трн.
Утре (вторник), ќе биде објавено целосното ексклузивно интервју со Тамара Котевска.