Растажени од трагичните вести дека една од најголемите љубовни приказни на сите времиња прерано завршила, се растрчавме во потрага по причините за ова неверојатно и неочекувано раскинување. Ова беше тоа што го пронајдовме.
Според изворите од доверливите папараци низ целиот свет, а и по консултација со експерти од различни области, дознавме дека Џастин Бибер сака да се облекува во бикини. Експресно беа направени и неколку научни студии, но и натаму останува нејасно како е возможно толку често да се менува телесната конституција? Џастин веројатно е на некои опасни диети… Којзнае?!