Ексградоначалникот Коце Трајановски се заблагодари за помошта од Кина „на негово барање“

Нова донација за борба против коронавирусот и повторно нова трка меѓу влacта и опозициjaта за тоа чии се заслугите. Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, преку Фејсбук, се заблагодари за брзата реакција „на неговото барање“ од страна на кинескиот град Нанчанг, кој на збратимениот Скопје му донираше 50.000 заштитни маски.

„Сакам да се заблагодарам на градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг за брзата реакција на моето барање,и за донацијата од 50.000 заштитни маски.

Во овие тешки моменти оваа донација е многу значајна за жителите на Скопје. Пријателите се препознаваат во вакви моменти. Се надевам дека амбасадата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НР КИНА ќе стори се донацијата брзо да дојде во Скопје со што ќе допринесе за намалување на последиците од корона вирусот“, напиша Трајановски.

Претходно за донацијата информираше актуелниот градоначалник на Скопје – Петре Шилегов. Како што објасни, маските пристигнале во македонската амбасада во Кина, а очекува да стигне во Скопје во наредните денови, каде ќе биде дадена на располагање на надлежните градски и државни институции.

- Реклама -