Екс-ракометарот Наумче Мојсоски е новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец – Наумче Мојсоски, ќе биде новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, објави „Плусинфо“, на местото на Дарко Каевски, кој е пратеник во новиот парламентарен состав.

Мојсоски е еден од најпознатите македонски ракометари, со над 100 натпревари во македонската ракометна репрезентација, од која беше дел и во 2012-та, кога Македонија го освои петтото место на Европското првенство во Србија.

Клупската кариера ја заврши во 2016 година како ракометар на ЧСМ Букурешт, а во клупската кариера настапуваше и за  Лехвија, Ла Риоха, додека во македонските ракоменти клубови беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Југ и Струга. По завршувањето на кариерата стана прв човек (претседател и главен спонзор) на својот матичен клуб Струга.

Првата партиска функција ја доби во ноември 2019-та, кога беше избран за претседател на комисијата за спорт на СДСМ, набрзо откако неговиот соиграч во репрезентацијата – Борко Ристовски, беше именуван за специјален советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски. Мојсоски беше дел и од референдумската кампања „ЗА европска Македонија“ на СДСМ по потпишувањето на Договорот со Грција за промена на името.

 

- Реклама -