Петнаесеттото јубилејно издание на ,,Ехо, Фестивалот за планински филм“, годинава е посветено на ширење на планинската култура, преку филмови, изложби, издавање книги, панел дискусии, детски и филмски работилници и предавања на многу различни теми. Темата на фестивалот опфаќа планински спортови, еколошки филмови, документарни филмови кои ја отсликуваат врската помеѓу човекот и природата. Годинава фестивалот за прв пат после 11 години, од досегашните 5 дена, трае цели 8 дена.
-Сметавме дека имаме доволно програма да исполниме 8 дневен фестивал. Наместо да ги набиеме филмовите во 5 – те дена како досега што прававме во МКЦ, решивме малку да ја дисперзираме програмата, за да можат гледачите подобро да си одвојат што сакаат да гледаат. Годинава не сме во МКЦ, туку го отворивме фестивалот во Домот на АРМ и 7 дена сме во Кинотека на Македонија каде што ќе има 2 кино сали со различна кино програма. Она што годинава не разликува од досегашните изданија, е што програмата е со акцент на екологијата. Не се тоа стриктно еколошки филмови, туку во сите филмови кои што се од различни жанрови, тематики и должини, годинава преовладува тоа чувство дека треба да се направат некои промени во однос на како ние се однесуваме спрема природата. Така да тоа е нешто што без малку во 90% од програмата беше присутно, а не било секогаш така и тоа е нешто што не радува нас како организатори и вљубеници во природата. Успеваме во тоа медиумот како филм да влијае на младите и на сите оние вљубеници во филмот и да им се пренесе една порака, дека треба малку да го смениме нашиот однос, да станеме поодговорни кон природата и кон практикувањето планински спортови – вели Александар Зарапчиев
Годинава фестивалот има 60 филма кои се прикажуваат во 8 дена. Квантитативно, вели Александар, аплицираните филмови кои што сакаат да бидат прикажани на ЕXO расте од година за година и за среќа расте и квалитетот.
-Значи порано беа многу филмови, но малку од нив беа можеби доволно квалитетни или со интересна приказна. Годинава и годините назад станува обратно. Се повеќе има добри филмови. Така што селекцијата е навистина тешка да се направи, бидејќи преовладуваат навистина инспиративни филмови, квалитетно направени документарни филмови и меѓу другото тоа беше една од причините, како што кажав на почетокот и да се раздолжи фестивалот, за да може да прифатиме што повеќе филмови – вели Александар за Трн.
Фестивалот го отвори филмот на Игор Вртачник „Виорник на работ“ филм кој што е еден исклучителен важен историски филм за словенечкиот алпинизам.
-Приказната почнува некаде пред Втората светска војна и тоа е генерацијата на млади алпинисти кои се искачувале сосема поразлично од алпинистите денес. Со голема желба со големо срце, тоа е незамисливо денес, немале ниту временска прогноза, ниту облека со материјал кој не пропушта вода. И тоа биле навистина големи луѓе. Тогаш е перидот во војна, но воглавно се прикажува периодот пред војната и уште мал дел за искачување на „Чопав врв“ по војната – вели Игор Вртачник за Трн.
Програмата на фестивалот опфаќа и филм посветен на пожарите, а има и презентација од Македонското еколошко друштво за тоа што ќе се превземе после пожарите, потоа на репертоарот е едно врвно кинематографско дело на францускиот режисер Александар Абатуров, натурализиран Русин кој што е познат по неговите документарци кои што покрај еколошката порака имаат и силна политичка порака.
-Во филмот се прикажуваат пожарите во Сибир кои што дивееа пред 5-6 години. Меѓутоа низ една приказна како локалното население се справува со пожарите, режисерот ни ја пренесува пораката и како државата се однесува со негрижа спрема пожарите. Еве ќе ви пренесам една многу силна порака која што се појавува на почетокот на филмот. Во Руската федерација доколку трошокот за гаснење на пожарот го надминува трошокот што пожарот ќе го предизвика во форма на изгорено дрво, тие не со гасат пожарот. Едноставно бирократски решаваат да остават да изгори сета таа вековна шума која што во форма на биодиверзитет е многу повредна од само дрво за горење – објаснува Александар.
Во склоп на фестивалот се прикажува и еден исклучително добар авантуристички филм кој што го прикажува искачувањето на највисокиот врв во Австралија. Тоа е врв од 2.700 метри, меѓутоа со одредени временски непогодни услови, тоа е авантура како веројатно да се искачувал 8.000 метри. Во понеделникот беше прикажан филм за граѓанинот Тони, еден од најпознатите италијански планински водичи од Курмаер кој историски го прикажува неговиот подем како планински водич и како човек кој што повисоки стандарди во водењето на планините.
-Би го издвоил и филмот „Holding up the sky“ кој што го опишува животот на едно племе во Амазонските шуми кое што обидува да се бори против корупираната влада на Бразил, која што сака да изгради рудници за злато во нивната шума, тоа е за мене искрено еден од омилените кој што прикажува како едноставни луѓе. Кои што можеби во очите на тие што сакаат да купат злато се примитивци, убаво нам ќе ни пренесат на сите една порака како треба да се однесуваме спрема таа бескрајна жела да имаме повеќе што во општеството е присутна и се повеќе е присутна. И како треба да оставиме некои работи да се одвиваат споро и избалансирано како нивниот живот во Амазонските шуми – ни раскажува Александар.
Во официјалната програма, фестивалот и годинава понуди 4 детски работилници организирани со Македонско еколошко друштво, Спелошко друштво Урсус и Едукативен центар Жабец. Низ игри децата учеа пораки повторно поврзани со екологијата.
-Ќе имаме една филмска работилница, потоа едно предавање на режисер којшто ќе биде во форма на мастер клас. Ќе има 6 други презентации, на луѓе од спортот или од филмот кои што ќе претстават одредена тема од своето дејствување и еден многу интересен панел „мечка страв мене не став“. На Баланот се крева голема галама ланската година памтите со” ппврзан со мечките на кој ќе говорат двајца од најдобрите експерти на Балканот, Диме Меловски од Македонија и Славен од Хрватска, кои на панел дискусија ќе го димистифицираат сето тоа околу мечките, зошто доаѓаат доле кај нас во градот, дали е тоа добро, дали е лошо, колку е опасно – вели Александар.
Фестивалот кој започна пред 15 години како идеја за ширење на нашата страст према алпинизмот, денес прерасна во класичен филмски фестивал кој што сега има многу повеќе од само такви филмови. Екологијата е присутна во многу од проекциите а репертоарот постојано се зголемува.
-Ние сме среќни и сметаме дека имаме една од најубавите публики во Скопје. Проекциите се речиси секогаш полни. Често тие почнуваат во 5 траат до 11 и се пред полни кино сали. Годинава ете како што кажав на почетокот, решивме да го смениме тоа, ќе диспензираме малку . Можеби тоа во некоја од киносалите ќе чини дека некоја ќе биде полупразна, меѓутоа тоа е нормална работа, треба да си одберат што сакаат да гледаат. Сега на 15 – тото издание се чувствуваме дека сакаме да се видат филмовите, наместо само да сликнеме да отварање, на затварање полни сали. Така да во однос напубликата сметам дека имаме многу здрава публика која што го сака овој формат на документарен филм и ги почитува овие спортови – вели Александар.