Ех доктори, доктори… „Сега јасно ви е зошто сме таму кај што сме?“

Фото: К.Попов (за СДК.мк)

„Мизерни услови за работа, преполни чекални, прегледи милион, никаков ред и поредок, се напаѓа медицински персонал, нереализирани ветувања со години и никакви реакции, а паркингот 800 денари и сите нацртани на протест ???!!! … Сега јасно ви е зошто сме таму кај што сме?“, прашува Александар Стојкоски – радиолог на Клиниката за радиологија.

Во претходниот пост, во обраќањето до неговите колеги, Стојкоски порачува:

„Од сите нереализирани ветувања и проекти за паркингот се фативте??
На 800 денари паднавме??
Алоо колеги па нека дадат плата ко што ветуваа и нема да бидат проблем ниту 1000 денари!
Нека се вреднува трудот на здраствените работници како што доликува еднаш во ова општество па да може секој да си плати!
А и не мора секој со кола да доаѓа, прочитајте ги договорите за работа па да видите дали ви следи паркинг место за доаѓање на работа“.

Во меѓувреме министерот за здравство – Венко Филипче, најави средба со градоначалникот Петре Шилегов, на која ќе се обиде да дознае што е позадината на одлуката и ќе информира откако ќе заврши средбата.

Здравстените власти веќе цела година најавуваат решнија за сообраќајниот хаос на Клинички. Но, наместо посебен влез за брзата помош и нова катна гаража, како што најавуваа, досега има само импровизиран паркинг на местото на стара гинекологија, потсетува ТВ24.

- Реклама -