2.299 егзопланети во орбита околу една ѕвезда (видео)

Со помош на вселенскиот телескоп Кеплер, НАСА е во потрага по егзопланети кои наликуваат на Земјата. До сега се потврдени „само“ 2.299 вакви планети, не вклучувајќи ги оние што се забележани само еднаш, ниту пак оние што се отпишани како контаминација од бинарни системи.

Во оваа анимација можеме да ги проследиме сите тие планети во орбита околу една ѕвезда. Белите линии во анимацијата ги претставуваат просечните орбити на Меркур, Венера и Земјата, додека боите на планетите се однесуваат на нивната средна површинска температура, во опсег од 4.586 степени (црвена) до -110 степени (сина).

{vimeo}47408739{/vimeo}

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега
- Реклама -