Месецот на Тот: 29 август – 27 септември
Богот на мудроста и учењето; луѓето родени под овој знак умеат лесно да ги решат проблемите и се познати како добри организатори. Сепак, ако добијат подобра понуда, ќе го шутнат започнатото. Автентични, оригинални и спокојни.
Негативни страни: На моменти поостри, нестрпливи, преоптеретени со работа.
Професии: Тие можат да бидат одлични професори, актери и адвокати.
Месецот на Хорус: 29 септември – 27 октомври
Хорус е богот на светлото сонце. Луѓето родени под влијание на сонцето, се храбри, смели и агресивни. Оптимистички и исклучително мотивирани да ги постигнат целите. Сакаат да го добијат најдоброто од животот.
Слаби страни: нереалистичност, тврдоглавост и неподготвеност да се соочат со другите, лице во лице.
Професии: Политика и професии поврзани со печатот.
Месецот на Ваџет: 28 октомври – 26 ноември
Ваџет е симбол на мудрост и знаење. Родените под овој знак се разумни, претпазливи, внимателни, амбициозни, самостојни и подготвени да помогнат. Тие се силни и лојални кон семејството и семејните вредности.
Слаби страни: песимизам и ароганција.
Професии: Инженери, претприемачи, архитекти, уредници и ментори.
Месецот на Сехмет: 27 ноември – 26 декември
Сехмет е богот на војната и ривалството. Родените под овој знак поседуваат брилијантен ум, имагинација и оптимизам. Исклучително се весели и зборлести. Духовити и гостопримливи, нивната сила е во добронамерниот карактер.
Слабости: бес, нетрпение, аргументативност и кавгаџиство.
Професии: Занимавање со некоја уместност.
Месецот на Сфинкс: 27 декември – 25 јануари
Сфингата е чувар на богатството и може да го менува својот облик, кога ситуацијата го бара тоа. Од оваа гледна точка, тоа се суштества-камелеони, подготвени да се прилагодат на секакви тешки ситуации. Силни страни им се издржливост и проникливост, самодисциплина. Тие се сериозни и дискретни.
Слабости: премногу горди, вообразени и желни при донесување одлуки.
Професии: Онаму каде самите си си шефови.
Месецот на Шу: 26 јануари – 24 февруари
Шу е богот на сончевата светлина и ветрот. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се високо креативни индивидуи, многу нетрадиционални. Исто така, можат да бидат доста успешни во својата професија. Нивната сила е во фактот дека поседуваат чувство за хумор, принципиелни се и директни.
Слабости: Слабостите им се нестабилност и одложувањето да пресечат, што е потребно во разни ситуации.
Професии: Социјална работа, добротворна организација, земјоделство, грижа во болничкиот сектор и консултантски професии.
Месецот на Изида: 25 февруари – 26 март
Божицата Изида ја заштитува дисциплината. Луѓето под овој знак се чесни, горди и идеалистични; многу логични и интуитивни. Нивната сила лежи во активноста и самостојноста. Популарни се меѓу пријатели.
Слаби страни: Арогантни, претерано убедително настроени.
Професии: Уметност и маркетинг.
Месецот на Озирис: 27 март – 25 април
Озирис е богот на подземното царство. Оние кои спаѓаат под неговиот знак, се исклучително комплексни и неразбрани. Силните страни им се динамичност, интелигенција, снаодливост и приемчивост.
Слабост: Се обидуваат да се одбегнуваат одговорност.
Професии: Тие се добри наставници и трговци.
Месецот на Амон-Ра: 26 април – 25 мај
Амон е богот на изградбата. Под неговиот знак спаѓаат силни, строги, атлетични и вредни луѓе. Силите им се силна волја, храброст и доверба во себе. Прекрасни лидери и организатори.
Слаби страни: Нетолеранција и бес.
Професии: Физичка работа или финансии
Месецот на Хатор: 26 мај – 24 јуни
Хатор е божица на небото и земјата. Луѓето кои родени под нејзиниот знак, се експресивни и грижливи. Водечка сила е нивниот шарм и романтизмот.
Слабости: завист, љубомора, понекогаш омраза.
Професии: Многу се силни во социјалните сфери, изведувачки уметности, цртање и комуникации.
Месецот на Феникс: 25 јуни – 24 јули
Птицата на животот, енергијата и преродбата. Овие луѓе ја користат секоја добра можност да бидат успешни. Оптимистични, флексибилни и загрижени за другите.
Слабости: изолација, инает и нереалистичност.
Професии: Можат да достигнат врвови во професии на сопствени принципи и други сфери кои се предизвик за нив.
Месецот на Анубис: 25 јули – 28 август
Анубис е божество на подземниот свет. Можеби со најмногу елан и најтолерантен од сите знаци. Луѓето кои се родени под знакот на Анубис, се самостојни, сигурни во себе и своите вештини да се справат со секоја задача. Ти се дарежливи, топли и грижливи.
Слабости: Склони се да бидат изманипулирани, или да ги искористуваат поради нивната добрина.
Соодветни професии: рекламни дела и мода.