Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, открива во интервју за „Капитал“, главниот извршен директор на ЕДС, Јанис Јанопулос.
„ЕДС секогаш беше авангардна компанија со воведување новини во работењето, како во трговскиот, така и во снабдувачкиот бизнис. Први почнавме да откупуваме енергија произведена од обновливи извори кои немаа статус на повластен производител со што придонесуваме кон енергетската транзиција, први воведовме понуди и снабдување по индексирани цени кога пазарот не нудеше долгорочно хеџирање по фиксни цени, први воведовме договори со претплата за да можат клиентите да искористат најниски цени на пазарот, први воведовме формирање цени по часовен профил на потрошувачите за оние индустрии кои работат ноќно време за да можат да ги намалат трошоците за енергија користејќи ги ноќните ниски часовни цени. ЕДС, во новиот Закон за енергетика од јуни 2018 година, се избори за обезбедување пристап (на сите снабдувачи) до базата на податоци на сите комерцијални потрошувачи, со што оперативниот дел од работењето на снабдувачите се искачи на многу помодерно ниво со современи IT алатки обезбедени од операторот на дистрибутивниот систем. Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги“, вели Јанопулос во интервјуто кое се реализираше по повод одбележување на јубилејот 10 години успешна работа на ЕДС на македонскиот енергетски пазар.
Имајќи ја предвид глобалната стратегија за премин кон обновливи извори на енергија, но и состојбите со домашните енергетски ресурси и капацитети, ЕДС донесе деловна одлука покрај трговијата и снабдување со електрична енергија да се вклучи и на пазарот со природен гас.
Плановите на компанијата се да се позиционира на пазарот за природен гас не само во Македонија, туку и во регионот. Стратегијата на ЕДС вклучува обезбедување оперативна контрола врз поголеми извори на електрична енергија во и вон Македонија со цел менаџирање на поголемо производно и продажно портфолио кои со обемот би станел поекономична, а услугите кои што ЕДС ги нуди кон своите клиенти поконкурентни.
Во интервјуто за „Капитал“, првиот човек на ЕДС открива и дека покрај предизвиците кои ги донесе енергетската и економска криза компанијата бележи позитивни резултати во своето работење.
„Портфолиото на ЕДС просто експлодира во периодот од крајот на 2021 година кога голем број помали снабдувачи не можеа да ја издржат променливоста и нестабилноста на пазарната цена на електрична енергија, им ги раскинуваа договорите на своите клиенти и ги зголемуваа своите обврски кон МЕПСО АД во рамки на балансниот механизам“, вели главниот извршен директор на ЕДС додавајќи дека токму во овој период ЕДС ја потврди својата улога на сигурен партнер на компаниите обезбедувајќи сигурност во снабдувањето на својата балансна група, како и стабилноста на електроенергетскиот систем.
* Комерцијален текст