Во продажба се пуштени билетите за концертот на популарниот босански
рапер Едо Маајка, што ќе се одржи во клубот "Хард Рок" на 25 февруари.
Едо Маајка ќе го започне својот настап точно на полноќ меѓу 25 и 26
февруари, а ќе има и локална поддршка со настапи на македонските
артисти Шорти П ака Панчо, диџеј Чваре и Тони Зен.
Во продажба се пуштени билетите за концертот на популарниот босански рапер Едо Маајка, што ќе се одржи во клубот "Хард Рок" на 25 февруари. Едо Маајка ќе го започне својот настап точно на полноќ меѓу 25 и 26 февруари, а ќе има и локална поддршка со настапи на македонските артисти Шорти П ака Панчо, диџеј Чваре и Тони Зен.
Цената на билетот во претпродажба изнесува 200 денари, а на денот на концертот 250 денари на влезот од клубот „Хард-рок“. Билетите за концертот веќе се пуштени во продажба и може да се најдат во Клуб-книжарницата „Матица“, Скејт шоп-јунити, „Џубокс“, „Трафик“, „Круг“ (ТЦ „Бисер“), „Лајка“, „Љубов“, „Бастион“, „Тренд“ и „Дајмонд (ТЦ „Рамстор“).