Едноставно и лесно: Декорирајте ги старите перници!

Украсените перничиња се одличен поткренувач на расположението во секој дом. Со тоа што самите ќе ги декорирате, ќе додадете сосема нов сјај на изгледот во дневната, спалната или детската соба, ќе си припуштите весели и удобни мигови на излежување.

36329_60506240-390x138_iff

Се што ви е потребно за да ги освежите старите перничиња, ви се неколку парчиња материјал во разни бои, и копчиња. Доколку не сте љубител на шаренилото, можете да се ограничите на една или две нијанси.

36328_60506239-390x91_iff

Со помош на игла и конец провлечете низ рабовите на материјалот во еднакви размери. Потоа стегнете, направете набори на ткаенината и додадете едно или две копчиња во разни бои и големини.

36330_60506243-390x277_iff

Направете го потребниот број на украси и прицврстете ги за перничињата. Распоредот и бројот одредете го сами. Уживајте во новиот освежен изглед на просторијата која ќе ја краси овој декор.

- Реклама -