Научете ги овие трикови кои може да ви бидат многу корисни во скеојдневниот живот, а поради нив ќе делувате многу паметни пред другите.
1. Врвот на конецот напрскајте го со лак за коса. Така полесно ќе го извлечете низ иглата.
2. Во кутијата со конци и игли чувајте мал магнет. Така ќе ги имате сите игли на куп.
3. Кога некому испраќате упатства како да дојде до вас, испратете му фотографија од вашата куќа/зграда за да му ја олесните потрагата.
4. Пред да расклопите некој предмет за да го поправите, фотографирајте го за да знаете точно како изгледал.
5. Ако ви се залепат две чаши една во друга, во горната ставете ладна вода и тогаш двете ставете ги во топла вода на неколку минути.
6. За полесно да соблечете гумени ракавици, ставете ги рацете неколку секунди во ладна вода.
7. Кога садите цвеќе, садниците не ги редете во една линија туку цик-цак за да излгледаат побујно.
8. Мрсните дамки од кожните чевли ќе ги отстраните така што ќе ги истриете со памучна крпа која сте ја потопиле во мешавина од вински оцет и вода (лажица оцет и чаша вода).
9. Заглавениот патент ќе го одглавите со молив. Втријте го моливот на патентот, графитот ќе послужи како лубрикант.