Едноставни трикови за подобри фотографии

Повеќе... За да направите добра фотографија пред сè е потребна добра идеја, креативност и неколку едноставни (и задолжителни) трикови со кои можете да направите убави фотографии дури и aко сте „тотален почетник“.

photographer_600_x_377.jpgЗа да направите добра фотографија пред сè е потребна добра идеја,
креативност и неколку едноставни (и задолжителни) трикови со кои можете
да направите убави фотографии дури и aко сте „тотален почетник“.

1. Избегнете го задоцнувањето
Нешто што иритира кај дигиталните апарати е одложувањето на моментот кога се притиска копчето за сликање до моментот на сликањето, за тоа време го испуштаме вистинскиот момент што сме сакале да го фатиме на фотографијата. Тоа задоцнување му е потребно на апаратот за да ги  пресмета фокусот и експозицијата. Трикот е во тоа што можете да го пресметате пред време. Со помош на апаратот, претпоставете однапред каде ќе биде субјектот/објектот што ќе го фотографирате и до пола кликнете на копчето. Кога ќе го слушнете бипкањето тоа значи дека сте ги одредиле фокусот и експозицијата, задржете го копчето кликнато до половина и подготвени сте. Кога ќе се случи вистинскиот момент само  притиснете го до крај.

2. За замаглена позадина – оддалечете се и зумирајте
Во технички термини, она што сакате да го постигнете е ограничена длабочина на полето т.е. поедноставно кажано тоа значи кој план од сцената која се фотографира – предниот или задниот, е во фокусот. Субјектот-да, позадината-не. Изберете Portrait mode, оддалечете се – колку повеќе толку подобро (звучи чудно ама функционира) и искористете го зумот. Благодарејќи на апсурдноста на оптиката, зумирањето помага да се создаде лажна длабочина на полето.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

3. Користете блиц и надвор
Нема да ви падне на памет да користите блиц на сончев, ведар ден, но ова е познат и чест фотографски трик. Блицот може да ја обезбеди вистинската количина на светлина потребна за да го осветли лицето на субјектот, без да влијае светлината во позадина на фотографијата. Го елиминира ефектот на силуета и обезбедува убаво фронтално светло. Ги  омекнува брчките на лицето и доколку го користите блицот можете да го игнорирате она старо правило за фотографирање во сончеви денови кое вика дека мора да заземете позиција во која сонцето ќе биде зад вас.

5. Искористете го најдоброто време

Професионалните фотографи не спијат многу. Причината е т.н. magic hour или часот после изгрејсонце и часот пред зајдисонце – најдоброто време за да се направи совршената фотографија кога се добива тој златен отсјај на сонцето кој прави сè да изгледа поубаво.

6. Издишете и доближете ги лактите до телото
Ваквата практика допринесува за постабилна поза кога фотографирате.

7. Носете го својот апарат со себе
Не практикувајте да го носите апаратот само на оние ретки специјални прилики. Инспирација можете да најдете насекаде.

6. Користете Unsharp Mask/Smart Sharpen за да ги избистрете фотографиите
Со помош на Photoshop и на него сличните фото едитори можете да добиете подобар контраст на вашите дигитални фотографии. Како да го направите тоа можете да научите тука.

Уште корисни совети за најдобра фотографија тука.

- Реклама -