Едноставни начини да го спречите кршењето на ноктите

Ништо не е повеќе фрустрирачки од моментот кога ќе забележите дека ви е скршен ноктот за кој толку внимателно сте се грижеле, но очигледно, неуспешно.
За среќа, постојат неколку едноставни начини кои ќе ви помогнат засекогаш да го решите овој незгоден проблем, за да вашите раце и нокти во секој момент изгледаат потполно совршено и здраво.

Пијте повеќе вода

Пукањето на ноктите се јавува поради истите причини како и на пукањето на косата- дехидрација. Конзумирајте поголема количина вода дневно. Водата не само што помага во изгледот и здравјето на косата и кожата, таа е одлична и за ноктите.

Хидратизирајте ја кожата со правилни лосиони и креми

Тој миризлив лосион кој го користите на вашата кожа не ви прави никаква услуга. Побарајте ги оние производи за нега на рацете кои содржат АНА (алфа хидрокси киселина) кои ја хидратизираат вашата кожа.

Foto: Thinkstock

Нанесете правилен лак за нокти

Лаковите за нокти кои содржат формалдехид и тоулен не се многу добри за вашите нокти. Иако не постојат лакови за нокти кои се направени комплето на природна база, можете да ги најдете оние кои се three-free, што значи дека не содржат формалдехид, дибутил-фралат (DAT) и тоулен.

Користете подобар одстранувач на лак

Одстранувачот на лак кој содржи ацетон се многу ефикасни, ни исто така ги суши ноктите и кутикулите. Оние одстранувачи кои не содржат ацетон во својот состав имаат помалку агресивни растворувачи, како што се етил ацетат, изопропил алкохол и пропилен карбонат. Дури и оние одстранувачи кои на себе имаат ознака „природни или органски“, сепак соджат ацетон.

- Реклама -