Едноставни домашни трикови за совршен изглед

Во вашиот дом се наоѓаат многу состојки кои можат да ви помогнат да изгледате убаво, особено кога ќе добиете неочекуван повик за излегување. Скапите козметички производи не се секогаш неопходни. Дома веројатно имате некои од овие производи кои ќе ви бидат од голема помош.

Компир

Овој зеленчук е богат со скроб, а може да ви помогне да се ослободите од подочниците. На пределот околу очите ставете излупено парче компир околу 5 минути. Резултатите ќе ги забележите веднаш.

Ладна вода

Во сад сипете лажица морска сол, и три лажици вода, добро промешајте, и искористете ја смесата како пилинг за лице.

salt-solution

Маслиново масло

Загрејте 2 dl маслиново масло, па со него масирајте го лицето, вратот и деколтето десетина минути.

Мајонез

Нанесете мајонез на косата и оставете го да стои околу 20 минути. Измијте ја темелно косата и исушете ја на вообичаениот начин. Веднаш ќе ја забележите свиленкастата и сјајна коса.

Путер

Доколку вашите нокти се слаби и кршливи, бидете упорни и секојдневно масирајте ги нив и кожата околу со путер. После неколку дена ќе забележите дека тие се поцврсти.

- Реклама -