Едноставен трик со кој ќе се налакирате совршено

Лакирањето на нокти за многумина преставува вистинско задоволство. Но, постојат и девојки кои навистина немаат трпение за внимателно да се налакираат, па речиси и го бојат целиот прст за што поскоро да завршат. Проблемите продолжуваат, бидејќи не секогаш е едноставно да се отстрани засушениот лак од рабовите. Еве еден супер трик кој ќе ви помогне да ги избегнете ваквите ситуации, а потребен ќе ви биде само вазелин и едно стапче за уши.

Постапка:

1. Намачкајте го памукот на стапчето со вазелин;

2. Со негова помош премачкајте го подрачјето околу ноктите (при тоа внимавајте да не поминете и по самиот нокт);

3. Нанесете го лакот за нокти по вообичаената постапка.

- Реклама -