Едноставен совет за покремаст домашен сладолед

Ако често правите домашен сладолед, знаете дека штом ќе го оставите малку подолго во замрзнувачот, станува прилично цврст и тежок за послужување. Ако сакате вашиот сладолед да биде како оној што го прават професионалци, се што ви треба е малку алкохол.

Дејвид Лебовиц, автор на рецепт-брошурата The Perfect Scoop, вели дека алохолот во сладоледот ќе го направи покремаст и помек. Алкохолот замрзнува на пониска температура и поретко формира кристали. Но, внимавајте. Сладоледот е чувствителен на вкусови, па внимавајте на комбинациите и на количината. Се препорачува најмногу една лажица алкохол, и тоа водка, ако за да добиете неутрален вкус.

Секако, внимавајте децата да не претераат.

theperfectscoopgiveaway[1]

- Реклама -