Денеска ќе ви го послужиме рецептот за едноставно и превкусно тирамису.
Состојки:
- 500 г.маскарпоне сирење
- 2 јајца
- 400 г. пишкоти
- 3 шолји кафе
- 6 лажици кафеав шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 3 лажици какао
- 2 лажички рум или коњак
Подготовка:
Сварете го кафето без шеќер и оставете го да се олади.
Скршете 2 јајца и одвојте ги жолчките од белките. Белките сматете ги со 3 лажици шеќер додека не добиете снег, а жолчките со преостанатиот шеќер.
Во садот со матени жолчки додадете го сирењето и румот и мешајте. Кога ќе добиете изедначена смеса, додавајте ги матените белки лажица по лажица.
Пишкотите натопете ги во разладеното кафе и ставете ги на стаклен послужавник.
Преку нив прелијте со дел од кремот.
Редете додека не го потрошите материјалот (отприлика 3-4 реда).
Завршете со крем и проросете какао.
Колачот добро оладете го пред послужување.