Пенкалава ги знаете сите, веројатно и сте уништиле стотици такви капачиња, но малкумина се имаат прашано зошто капачето на пенкалото изгледа баш така, со дупка.
Во 1991-та, една компанија воведува генијално дизајнерско решение што ќе остане сосема незабележано од повеќето – на врвот на капачињата од нивните пенкала се појавува фамозен отвор. Иако деталот поминува без да привлече многу внимание, ова решение ги спасува животите на еден куп деца. Конкретно, повеќе од 100 деца и неколку возрасни на годишно ниво.
Како?
Малите деца го истражуваат светот преку устата и сакаат да ги „вкусат“ сите предмети кои доаѓаат во нивните раце, особено помалите. Дури и возрасните имаат навика да го џвакаат капачето кога размислуваат или се нервозни. Притоа, капачето може многу лесно да се најде во душникот и да го блокира дишењето. Освен кога има дупка. Таа мала генијална измена им овозможува на тие што несакајќи го голтнале – да дишат. Ако ништо друго, барем додека да стигнат до болница или да дојде брзата помош.
Сите поголеми брендови на пенкала инстантно ја прифатија и воведоа измената.
„Добриот дизајн веднаш се забележува. Одличниот дизајн е невидлив.“