Еднократно боење на косата со креда

Во прашање е еднократно боење на косата со креда. Самиот начин е многу едноставен и секој може да го испроба од дома. Можеби изгледа поубаво на светла коса, но и на темна може да делува интересно доколку се користат светли и интензивни бои. 
Потребно е да подготвите:

Чешел

Преса за коса

Креди во боја

Малку вода (ако сте темнкоси)

лак за коса

2friz2

Пред „кредирањето“ добро исчешлајте се, бидејќи после нема да имате можност. Земете го праменот кој сакате да го обоите и започнете. Земете парче креда и добро втријте ја во праменот. По боењето, со преса испеглајте го праменот . За крај ставете малку лак за коса.

Напомена: не ја чешлајте косата потоа, и ако сте бринета, најпро нанесете вода на праменот.

 

- Реклама -