Едно значење, а бројни намени: Шеќерот не е само засладувач

Шеќерот не е само засладувач на храната, истиот може да послужи и за одржување на цвеќе, како одличен пилинг, или пак  за  задржување на карминот за усни.

Долготраен кармин

Шеќерот може да биде многу корисен, и тоа, не само за заслудување во домакинството. Кога ќе нанесете кармин на усните, ставете и малку шеќер, па излижете го после неколку минути. Карминот ќе биде постојан и нема да морате да го поправате често.

Пилинг

Кога ќе го помешате шеќерот со маслиново или бадемово масло, ќе добиете одличен пилинг.

Цвеќе

Цвеќето ќе трае долго, ако во вазната ставите три лажички шеќер, две лажички бел оцет и топла вода. Слаткиот раствор ги храни цвеќињата, а оцетот спречува создавање на бактерии.

Апарат за мелење на кафе

Истотака, со шеќерот можете да ја отстраните маснотијата која се создава во апаратот за мелење на кафе. Сипете 1/4 шолји и вклучете ја машината 2, 3 минути. Истресете и исчистете со сунѓер.

Колачи

Колачите и тортите во херметички затворените кутии, ќе останат подолго ако покрај нив се стават неколку коцки шеќер. Истото важи и за сирењето.

- Реклама -