Едно пиво може да биде здраво за организмот

Според извештаи на истражување во САД, пивото содржи низа витамини и хранливи состојки, а богато е со витамин Б, особено Б3, познат како начин кој е корисен при первенција и лечење на депресија, главоболка и висок колестерол. Истражувањата покажале дека 355 мл пиво содржи 1,83 милиграми ниацин. Сега конечно имате алиби. Се шегуваме, сепак ова се однесува само на едно пиво  во денот, а не се препорачува секој ден.
Фактот дека  содржи хранливи состојки и витамини се темели на неколку истражувања кои се се направени низ светот, со цел да се утврдат позитивните вијанија во телото. Освен што го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, пивото зголемува и разни антиоксиданси во телото.

„Ваквите истражувања се важни за медицината, бидејќи се потребни  повеќе информации за продизводите кои ги конзумираме“, вели Корина Аурелиа, претставник на Центарот за пивски студии.

Пивото содржи и витамини и други хранливи состојки како витаминот Б6, В5м флавоноид и други Б витамини, кои се вклучени во главните метаболички процеси на човековото тело. Количината на витамини кои ги сидржи пивото е прикажана подоллу:

Витамини и други хранливи состојки во 355 мл пиво:

Нацин (B3): 1.83 mg
Пиридоксин (B6): 0,164 mg
Пантеонска киселина (B5): 0,146 mg
Тиамин (B1): 0.018 mg
Рибофлавин (B2): 0,089 mg
Цијанкобламин  (B12): 0.07 mg
Фолна киселина : 21 mg
Колин: 36 mg

Умереното конзумирање на пиво мора да биде пропратено со здрав начин на живот и правилна исхрана. За умерена конзумација се смета по едно пиво во денот.

- Реклама -