Кога станува збор за инспиративни приказни, оваа на Нико Калбарија е несомнено една од најдобрите. Момчето е родено само со една нога, но сепак тоа не му пречи да се оддаде целосно на страста кон спортот.
Со многу напор и посветеност тој станува член на националниот фудбалски тим на луѓето со ампутирани екстремитети во САД.
Овој мини документарен филм беше продуциран од Powerade и ни овозможува да ѕирнеме во животот на овој навистина посебен млад човек.