Една година од првата Критична маса во Скопје

Во среда ќе одржи тринаесеттата по ред Критична маса –  Скопје на точак големо да растеш со која ќе се одбележи годишнината од оваа акција на граѓани кои сакаат да го привлечат вниманието и да посочат на предностите на возењето велосипед.

„Дојдете повторно и оваа среда на роденденската критична маса, повторно да се повозиме заедно и да го славиме возењето точак! Облечете ги највеселите и најшарените партали што ги имате во вашиот шкаф. Земете свирчиња, вувузели, балони, транспаренти. Земете ја целата позитивна енергија со вас и фиксирајте ја насмевката на вашите лица, because it’s party time! Тргнуваме во 17.30 од паркингот до Веро Центар, а завршуваме околу 19:00 пред МКЦ, каде што ќе има журка! Па роденден ли е, што ли е?“, стои во поканата до сите вљубеници на здравиот живот.

na tocak

Пред МКЦ ќе настапат Фонија, Човекот од Хром ака ЛД Пистолеро, Љупа Д Џон ака Ѓон, Вселенковци и Гоце САФ.

Ако сакате да бидете дел од овој интересен настан прочитајте ги деталите ТУКА!

- Реклама -