Бременоста, раѓањето, родителството се прекрасни работи во животот кои треба да се слават секојдневно и да им се даде голем нагласок, бидејќи сепак се дел од оние добри вредности кои создаваат позитивни општествени личности.
Натпреварот „Породување“ го охрабрува овој чин и ги прославува најимпресивните фотографии од мајките што се пораѓаат.
На натпреварот учествувале над 1.000 фотографии од целиот свет, а учесниците се натпреварувале во пет категории: мајчинство, породување, раѓање, постнатално и доење. Победниците беа избрани од интернационално жири, додека публиката учествуваше во категоријата избор од публиката. Ова се победничките фотографии.