Со жените е така – или е убава, или е паметна, или е Моника Белучи.
Луѓето можат да го простат човековиот ум, дури и талентот, но убавината – никогаш.
Љубовта не си заминува, се менува.
Според мое мислење глупаво е младите и убави девојки да чуваат некоj богаташ и притоа бескрајно брзо да им минува животот. Убавината треба да ни помогне да пронајдеме хармонија, љубов и значење во овој луд свет.
Ако сакаш мажот да те забележи, само нанеси црвен кармин.
На сите ни е потребна илузија. Затоа ги сакаме филмовите.
Женственост – хармонија, природност и сензуалност.
Јас не ги разбирам жените кои велат дека желбата на мажите e да ги понижaт.
Јас сум добра мајка, но тоа не значи дека јас сум добра девојка. Ми треба предизвик.
Кога двајца се разведуваат тоа е секогаш трагедија. Во исто време, ако останат заедно може да биде и полошо.
Во убавината нема закони! Секој е убав на свој начин!
Секоја жена сака да биде сакана.
Љубовта живее само кога постои взаемна почит и слобода.
Нема потреба да ги мразите луѓето кои се љубоморни, затоа што тие признаваат дека сте најдобри.
Да се биде заоблен со неколку килограми повеќе. Па што? Тоа не е грев се до оној миг кога не пречи на здравјето.
Никогаш не би сакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна отколку што бев, затоа што во тоа време ние жените се спознаваме, се обидуваме да дознаеме што сакаме да бидеме, страдаме од недостаток на самодоверба. Сега знам точно што ми треба, а без кои работи можам да живеам.
Никогаш нема да бидам слаба. Јас сум по природа прилично мрзелива. Сакам да јадам. Јас сум таа што сум и немам намера да станам нереална.