Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА – Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците.
„Градоначалникот на Студеничани г-дин Азем Садику сега е дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и чистото триумфираа!“, објавија од Алијанса за Албанците на Фејсбук.
Како што изјави Садику, пренесува „Алсат“, таквата одлука ја донел откако увидел дека претседателот на ДПА – Мендух Тачи, се обидел да го изневери и општината да ѝ ја даде на ДУИ. Тачи, пак, ги отфрли обвинувањата потенцирајќи дека без него Садику немало да победи (повеќе ТУКА).