По 5 месеци бојкот, опозицијата повторно се врати во албанскиот парламент, а не помина долго додека еден од нејзините пратеници реши да го гаѓа албанскиот премиер со јајца.
Пратеникот од опозициската Демократска партија – Ендри Хаша, прво го погоди Рама во торзото, а потоа малку фалеше да го погоди и во главата.
(за да ги гледате видеата кликнете на „Плеј“, а потоа на „Watch on YouTube“)
Потоа настана хаос и судир меѓу опозициските пратеници и редарите, а во очекување на интервенција од страна на претседателот на парламентот – Грамоза Ручи, Рама мораше да ја напушти седницата.
Фотографијата од моментот кога Рама беше погоден со јајце ја објави поранешниот премиер Сали Бериша, со коментар „Фото на денот! За студентите, јајце во стомакот!“
Додека Рама беше на говорницата, надвор беа собрани поголем број ученици и студенти, кои протестираат веќе 16-ти ден низ повеќе градови во Албанија. Тие бараат од владата на Рама да им ги исполни барањата, кои главно се однесуваат на подобри услови за студирање.