Славниот холивудски глумец Еди Марфи заедно со неговата 18 години помлада партнерка Пејџ Бачер ќе станат родители. Тие се пресреќни поради тоа што им се остварил сонот и ќе имаат дете. Еди и Пејџ веќе во мај планираат да ја крунисаат нивната 4-годишна врска.
Додека за убавата Пејџ ова е прва средба со улогата на родител, Марфи може да се пофали со своите 8 деца.
Еди Марфи има деца од бракот со Никол Митчел, Паулет Мекнели, Тамара Худ и Мел Би.