Еден остров, два различни света

Карипскиот остров Хиспаниола е дом на две земји: Хаити и Доминиканската Република. Двете имаат население од околу 10 милиони – но секоја меѓусебна сличност завршува тука.

Просечниот жител на Хаити е скоро 10 пати посиромашен од просечниот Доминиканец, а има многу поголема веројатност да биде невработен. Таа финансиска разлика се манифестира и со голем јаз меѓу општата здравствена состојба во двете земји. Стапката на морталитет меѓу бебиња во Хаити е речиси дупло повисока од таа на Доминиканска Република, исто како и присутноста на ХИВ/СИДА.

Гледајќи ги разликите, човек не може да не се запраша: Како еден остров успеал да создаде така два различни света?

На денешната ситуација „се работи“ со векови. Корените ќе ги најдете во колонијалното минато на островот, што се гледа и од јазиците што ги зборуваат неговите жители: Хаиќанците (изразов според Википедија) зборуваат француски, а Доминиканците – шпански.

Кога француската и шпанската империја се истовариле на островот пред неколку века, почнале да ги исцртуваат патиштата (во метафорична смисла) што ќе создадат две извонредно различни половини на островот. Не можете да го разберете Хаити ако не ја земете во предвид економијата базирана на ропство што Французите ја инсталираа на западната половина на Хиспаниола.

Џони Харис, новинар на VOX, отпатувал на островот за да ги документира разликите и наследството од колонијалните времиња во двете земји.

Вели дека дискриминацијата кон Хаиќанците во Доминиканска Република е познат факт, но не очекувал да ја види така јасно како што ја видел. А ја видел на пазарот каде Хаиќанците и Доминиканците менуваат стока, или во автобус, каде контролорите и официјалните лица селективно им бараат документ/карта на увид само на овие првите. Дискриминацијата се гледа и во постоечките амандмани во Доминиканскиот устав, со кој им се одзема државјанството на тие со потекло од Хаити.

Повеќе околу неговото патување (рутата е исцртана на картата погоре со црвена линија) во следново видео:

 

 

- Реклама -