Додека останатите пет кукаат (во себе) дека не можат да ја поднесат, за еден од шест мажи мајката на неговата сопруга е поатрактивна од неговата избраничка.
Студијата во која учествуваа 1500 мажи покажува дека четвртина од женетите мажи барем во еден момент се „затрескале“ во нивната тешта. 31% од нив исто така сметаат дека и нивната „баба“ е затрескана во нив.
Во помалку морничавиот дел од студијата, две-третини од мажите рекле дека би биле среќни ако нивната сопруга старее толку добро како нејзината мајка. Понатаму, речиси половина сметаат дека стилот на нивната партнерка бил под влијание на нејзината мајка.
Портпаролот на модниот бренд Peter Hahn, на чие барање беше спроведена студијата, објаснува: „Лесно е да се занемарат постарите жени и понекогаш е тешко за нив да се чувствуваат ценети и секси. Оваа студија открива колку всушност мажите гледаат на нив со восхит, и заради изгледот, но и заради стилот и личноста генерално“.
Исто така, студијата наведува дека „повеќето од жените би го сфатиле како комплимент тоа што партнерот смета дека нивната мајка е атрактивна. За неа, тоа значи дека стилот има долга историја во семејството“. Од друга страна, не е наведено како жените би го сфатиле тоа што партнерот смета дека мајка и е ПОАТРАКТИВНА од неа.