Еден од пет станови во Скопје е под xипотека, банките стануваат сериозни конкуренти на агенциите за недвижности

12.2% од вкупниот број на станови во државава се ставени под хипотека, а добар дел од нив завршуваат на пазарот на недвижности како запленет имот, што се гледа од веб-сајтовите на поголемите банки во земјава, пишува „Мета.мк“.

Според податоците од Регистарот на цени и недвижности, заклучно со септември, 132.527 од вкупно 1.084.534 станови регистрирани во државава се под хипотека. „Лидер“ во оваа статистика е Скопје, каде под хипотека се 64.301 од вкупно 317.074, односно 20.2% од становите.

Зад Скопје се Неготино и Гевгелија – со 19.06%, односно 16.43% од становите ставени под хипотека.

Понудата на банките на заплeнeти станови по основ на ненаплатени побарувања за издадени кредити е толку голема, што некои од нив стануваат сериозна конкуренција на агенциите за недвижности, додава „Мета.мк“. Листата на останатите градови погледнете ја ТУКА.

 

- Реклама -