Во 1950-тите, американската влада правеше куп експерименти со психоделични дроги, кој од кој почуден и поинтересен. Во многу од нив на тест субјектот му беа давани одредени количини ЛСД, а потоа се набљудуваше неговото однесување.
Во конкретниов експеримент, Оскар Јанигер – психијатар од универзитетот во Калифорнија познат по својата работа на полето на есидот, му дал на уметник прибор за цртање и побарал да го црта истиот портрет одново и одново.
Како што можете да видите од следните 9 цртежи, резултатите се баш тоа го очекуваме од уметник под дејство на ЛСД. Почнуваат нормално, но потоа јасно се забележува моментот кога реалноста почнува да се искривува во главата на субјектот, а и целото халуциногено патување – од моментот на „качување“, до моментот на „слетување“.
#1: 20 минути по првата доза (50 микрограми)
Доктор опсервира: Пациентот одбира да почне да црта со јаглен.
Субјектот (уметникот) вели: „Состојбата е нормална… уште нема ефект од дрогата“.
#2: 85 минути по првата доза и 20 минути по втората дополнителна (50 + 50 микрограми)
Пациентот изгледа еуфоричен.
„Те гледам јасно, толку јасно. Ова… ти… сé е… Имам малку потешкотија со контролирањето на моливов. Изгледа како да сака да продолжи“.
#3: 2 часа и 30 минути по првата доза
Пациентот изгледа многу фокусиран на цртањето.
„Контурите изгледаат нормални, но многу живи – сé на цртежот ја менува бојата. Мојата рака мора да ги следи дебелите движења на линиите. Чувствувам како свеста да ми е сместена во делот од телото што сега ми е активен – раката, лактот… јазикот“.
#4: 2 часа и 32 минути по првата доза (две минути подоцна од претходниот портрет)
Пациентот изгледа заробен од неговото парче хартија.
„Ќе пробам со друг цртеж. Контурите на моделот се нормални, но тие на мојот цртеж не се. Контурата на мојата рака станува чудна, исто така. Не е многу добар цртеж, нели? Се предавам – ќе пробам повторно…“
#5: 2 часа и 35 минути по првата доза (3 минути подоцна од четвртиот портрет)
Пациентот брзо почнува со друг цртеж.
„Ќе направам цртеж во еден потег… без запирање… една линија, без прекин!“.
По комплетирање на цртежот, пациентот почнува да се смее, потоа се вознемирува од нешто на подот.
#6: 2 часа и 45 минути по првата доза
Пациентот се обидува да се искачи во приборот за цртање, и е генерално раздвижен и нервозен – бавно реагира на нашите сугестии дека можеби би сакал да нацрта уште нешто. Во голема мера е невербален.
„Јас сум… сé е… сменето… тие викаат… твоето лице… испреплетено… кој е…“
Пациентот мумла неразбирливо врз некаква мелодија (звучи како Thanks for the memory). Се префрлува на темперни.
#7: 4 часа и 25 минути по првата доза
Пациентот се повлече на креветот, поминувајќи отприлика 2 часа лежејќи, мафтајќи со рацете во воздухот. Неговото враќање кон приборот е ненадејно и полно со намера. Менува на пенкало и водени бои.
„Ова ќе биде најдобриот цртеж, како првиот, само подобар. Ако не сум внимателен ќе изгубам контрола врз моите движења, ама нема, бидејќи знам. Знам“. (повторува „знам“ неколку пати).
Пациентот ги прави последните неколку потези на цртежот додека трча напред-назад низ собата.
#8: 5 часа и 45 минути по првата доза
Пациентот продолжува да се движи низ собата, пресекувајќи го просторот во комплексни варијации. Поминува час и половина пред да седне повторно да црта – изгледа како да ги надминува ефектите на дрогата.
„Можам повторно да ги почувствувам колената, мислам дека почнува да избледува. Ова е прилично добар цртеж – овој молив е многу тежок за држење (држи восочна боица)“.
#9: 8 часа по првата доза
Пациентот седи на креветот. Вели дека интоксикацијата е помината, освен повремената дисторзија на нашите лица. Бараме финален цртеж, кој го црта со малку ентузијазам.
„Немам што да кажам за овој последен цртеж, лош е и неинтересен. Сакам да си одам дома“.