Е вака треба: Зоолошка во која не убиваат невини животни (+ видео)

3

Во Чиле постои зоолошка каде бебињата не можат да паднат во кафезот на мајмунот Харамбе или пијаниците да ја прескокнат оградата на лавовите, па чуварите да мораат да убиваат животни за да ги спасуваат. Главно е така затоа што во оваа во Ранкагуа, Чиле – и бебињата, и пијаниците, би биле заедно со другите посетители – во кафезот.

Да, овде нештата се обратни, како што и треба да биде. Животните се на слобода, а тие што сакаат да ги видат се кријат зад безбедноста на решетките. Главната причина за овој концепт е сепак авантурата и возбудата што ја нуди ваквата превртеност на нештата.

Parque Safari зафаќа површина од околу 2 хектара и е дом на 6 лавови. Кога ги хранат, месото го фрлаат врз кафезот, а лавовите избираат дали ќе се испентарат да јадат над главите на сафари камионот или ќе се излежаваат пред очите на публиката.

Каде на друго место можеш да го скокотнеш лавот по шепите, а да си (ваљда) безбеден во кафез? И уште поважно, каде во друга зоолошка ќе го почувствуваш неговиот здив и неговата моќ кога ќе го стресе кафезот и ќе сфатиш дека ние не сме вистинските газди во природата?

1 2
4 5 6 7 8 9

 

- Реклама -