Ако некогаш сте сакале да живеете веднаш покрај океанот, овој концеп сопственост на југозападниот брег на Австралија се чини дека е опасно закачен на страна на карпа- само неколку метри над морето.
Соодветно наречената „Cliff House“ (Куќа на гребен), се протега на вертикална карпа и е укотвен странично на карпата со поддршка на греди.
„Cliff House“ беше замислен од страна на австралиската архитектонска компанија специјалисти за монтажни куќи Modscape Concept, кои биле инспирирани од обликот на школките кои се прилепувале на трупот на бродот.
Концептот куќа прави имотот да изгледа како продолжение на пејсажот. На нивниот веб-сајт, архитектите велат дека нивната цел е да создадат “апсолутно врска со океан.” Петкатниот имот ќе биде направен од монтажни модули кои се наредени вертикално.
Секоја „соба“ или кат ќе се става една над друга, со поддршка на челична конструкција вградена во карпата.
Најнискиот кат е отворен простор, кој навидум лебди над водата и има прекрасен- и застрашувачки- поглед на океанот. Станарите ќе можат да влезат во имотот од врвот на домот и ќе го користат лифотот или скалите за да се спуштат до спалната, дневната соба или кујната.