Mansplaining (од man – маж, и explaining – објаснување), подразбира кога маж објаснува нешто некому, обично на жена, во манир што се смета за потценувачки или понижувачки.
Од каде ваков збор? Еве еден пример. Седнал твитерџија со жена му да разгледуваат инстант лонци онлајн. По некое време, забележале одредени сличности во многу од stock фотографиите користени во рекламите. Го објавуваат „откритието“, и потоа им се приклучуваат и други твитерџии.
На многу од фотографиите собрани со заеднички сили, твитерџииве најдоа дека паровите се прикажани како жената првпат да фаќа нож и да не знае да исече обична краставица, па мажот мора да ѝ ја држи раката или да ја надгледува. Наскоро сите се сложија – ете, класичен пример на mansplaining.
Оставаме на вас да пресудите.
Коментарите: