Електронската пошта денес е неодвоив дел од современиот начин на живеење и комуникација во кој, се разбира, постојат одредени правила и бонтон. Еве неколку совети за тоа како да ги подобрите вашите манири при користењето на електронска пошта.
Електронската пошта денес е неодвоив дел од современиот начин на живеење и комуникација во кој, се разбира, постојат одредени правила и бонтон. Еве неколку совети за тоа како да ги подобрите вашите манири при користењето на електронска пошта.
Менувајте го насловот секогаш кога започнувате нов разговор
Насловот на мејлот треба да му укаже на примачот за што станува збор во пораката која ја прима. Дескриптивните наслови се најдобри зошто така луѓето можат брзо да одлучат кои од пораките во инбоксот да ги прочитаат први и исто така тоа помага полесно да е најде пораката подоцна.
Не користете електронска пошта кога друг медиум има повеќе смисла
Користете е-пошта само кога тоа е најдобрата опција. Понекогаш има повеќе смисла да се користат инстант пораки. Но доколку предметот на разговор не е итен и не бара брз одговор електронската пошта е најдобриот избор.
CAPS OFF
Без големи букви во вашите пораки. Кога некој пишува со големи букви, тоа е како да се дере на глас, што го прави текстот вознемирувачки потежок за читање.
Одговарајте на прашањата директно во текстот
Кога некој ви испратил мејл со неколку прашања одеднаш, тогаш одговорите напишете ги директно под прашањата.
Не претерувајте со љубезноста
Обично нема причина зошто да завршите долг разговор со „Благодарам“ (или „Нема на што“). Комуницирањето преку електронска пошта мора да заврши некаде.
Користете ја cc опцијата умерено
Пробајте да бидете умерени со оваа опција. Одбегнувајте да ставате долга листа со имиња во cc доколку не е важно сите да знаат кој друг ја добил пораката. Секако, не ја користете оваа опција доколку не сакате луѓето од листата да знаат кој друг ја добил пораката.
Бидете кратки
Кога последен пат сте прочитале некоја е-пошта поврзана со вашата работа и сте посакале таа да биде подолга?
Прашајте дали примачите преферираат атачменти или пастиран текст
Многумина не сакаат да примаат атачменти, па добро е да прашате за тоа како примачот преферира да добие некој документ. Земете ги во предвид и алатките кои им овозможуваат на двајца луѓе да споделуваат и работат врз документи заедно. За оваа цел може да ви послужи Google Docs , Zoho или Approver.
Откажете се од штосните e-mail адреси
Имајте една имејл адреса која ќе го содржи вашето име или негова кратенка. „Partygrl“ можеби е добро за вашиот онлајн љубовен живот, но не и кога комуницирате со професионалните контакти.
Користете го вашиот личен имејл за лична кореспонденција
Тука е вклучен и случајот кога барате работа.
Кажете „Не“ на верижните писма и шегите
Мејловите со ваквата содржина ретко ќе насмеат некого и ќе предизвикаат позитивни чувства, најчесто тие се иритирачки. И иако можеби очекувате ваква е-пошта од вашите „духовити“ роднини, сигурно тоа не е случај и со професионалните контакти.
Избегнувајте заеднички e-mail адреси
Иако можеби сте со став дека треба да делите сè со својот партнер, тоа не треба да важи и за e-mail адресата. Возрасните луѓе треба да имаат сопствена e-mail адреса.