Дека Бијонсе и Џеј Зи се едни од клучните движечки фигури во светот на шоу-бизнисот, и со самото тоа едни од најбогатите луѓе на денешницата не е никаков новитет. Сепак, она што е последна вест за оваа актуелна двојка е дека тие во август изнајмија раскошна вила во Хемптом за 400.000 долари.
Вилата во која ова славно семејство помина еден месец е проценета на 43.5 милиони долари.
„Песочниот дворец“, како што уште и се нарекува, содржи девет спални соби и 11 купатила распоредени во нејзиниот главен дел, додека постои и посебна, гостинска куќа.
Таа се наоѓа на имот од 12.5 хектари, и во неа има куглана, кошаркарски терен, спа центар, рампа за скејтборд, ди-џеј кабина и караоке бина. Потоа има девет камини, базен и гаража во која можат да се стават осум автомобили.
Се звучи како да би можело да биде вредно за неверојатните 400.000 долари кирија, што за Бијонсе и Џеј Зи не претставуваат никаков проблем.