Ѕирнете во фабриката за секс кукли (Видео)

Фотографот Закари Канепари започна интересен фото проект наречен „Love Machines“ посветен на популарните кукли „Real Dolls“.

Тој сними интересно видео кое прикажува исклучиво реални кукли кои достигнуваат цена од 7000 долари, а се прилагодени на вкусот на клиентите.

„Отсекогаш сакав да создадам скулптура на жена, а моето хоби се разви со текот на времето. Ова е логичен тек на случувањата и нешто што отсекогаш сум сакал да го работам“, изјавил Макмален, творецот на застрашувачки веродостојните барбики чие семејство никогаш немало разбирање за ова хоби.

Мекмален вели дека не ги осудува клиентите и се присетува на еден купувач кој живеел во Алјаска, а куклата ја купил зошто бил осамен.

„Тие не се само играчки за секс, туку многу повеќе. За почеток, нив не може да ги има секој. Тоа не е нешто што после користење го ставате во кревет. Со клиентите со месеци работиме на изгледот на куклите, а тие на крај им даваат и име. Се однесуваат кон нив како со личности. Никогаш нема да ги осудувам поради тоа и сметам дека никој го нема тоа право“, заклучува Мекмален.

[youtube]http://youtu.be/wtNf4AmuPwE[/youtube]

- Реклама -