Џиновски верверички

ВерверичкаАко никогаш не сте биле во Индија или не сте посетиле некоја поголема зоолошка градина, многу е веројатно дека немате наидено на индиските џиновски верверички. Ви пренесуваме неколку фотографии од ова ретко животно што ги прави европските верверички да изгледаат како глувчиња.

Ако никогаш не сте биле во Индија или не сте посетиле некоја поголема зоолошка градина, многу е веројатно дека немате наидено на индиските џиновски верверички. Ви пренесуваме неколку фотографии од ова ретко животно што ги прави европските верверички да изгледаат како глувчиња.

Верверичка

Џиновските верверички значително се разликуваат од сите останати членови на нивната фамилија. Имаат карактеристични бои на крзното, должината на телото во просек им е 40 см, а опашката речиси секогаш надминува 60.

Верверичка

Овие верверички се шетаат преку ден, а ноќе спијат. Живеат во шумските и мочуришни области, во изолираните области во Индија. Здравите мажјаци во просек тежат 2 килограми. Ретко се симнуваат од дрвјата, а ги одбираат највисоките гранки за гнездење.

Верверичка

Разбирливо, гнездата на овие верверички се големи и во форма на глобус. Начинот на кој ги прават е единствениот што осигурува дека гнездата ќе можат да им ја издржат тежината. Истите се добро камуфлирани и се забележуваат единствено во сувата сезона. Интересно за овие верверички е што живеат сами или во парови (во сезоната на парење), а кога се во „семејство“, прават по неколку гнезда. Едното им е за младенчињата, а другите за одмор и спиење.

Верверичка

Главни предатори им се птиците и леопардите. Џиновските верверички најчесто стануваат жртви на предаторите затоа што кога ќе почувствуваат опасност, се стискаат спроти најблиската гранка и смрзнуваат од страв. Чудно, со оглед на тоа што имаат способност да прескокнуваат растојанија дури до 6 метри, со што лесно би можеле да им избегаат и на највештите предатори.

- Реклама -