Ѕидови декорирани со керамички плочки

Керамичките плочки најчесто се користат за бањите, но поради нивната практичност се идеални и за подовите и ѕидовите во останатите простории во домот.

Освен што не пропуштаат влага, тие се практични за одржување. Плочките со мазна површина се одлични за ѕидовите, но не се удобни за одење по нив.

Денес на пазарот се нудат најразлични дезени, форми и бои на керамички плочки, а архитектите препорачуваат истите смело да ги искористите за оригинално декорирање на ѕидовите не само во бањата.

1503_2 - Copy - Copy

Впечатливите бои и дезени се препорачуваат доколку сакате да доловите современост, а нежните пастелни нијанси се одлична основа за викторијанскиот стил во домот.

1503_3

Неутралните бои, какви што се белата и кремастата визуЕлно го зголемуваат просторот, додека пак црвено – црната комбинација изгледа современо, но го смалува просторот.

1503_4

Погледнете неколку идеи за декорирање на ѕидовите со керамички плочки!

1503_12 1503_5 1503_6 1503_7 1503_8 1503_9 1503_10 1503_11

- Реклама -