Ѕидот на љубовта (француски: Le mur des je t’aime, ) е ѕид со љубовна тема од 40 квадратни метри во градината на плоштадот Jehan Rictus во Монмартр, Париз. Ѕидот е создаден во 2000- та година од уметниците Федерик Барон и Клер Кито и е составен од 612 плочки од емајлирана лава, на кои фразата „Те сакам“ е прикажана 311 пати на 250 јазици. Секоја плочка е 21 на 29,7 сантиметри.
Ѕидот ги содржи зборовите „Те сакам“ на сите главни јазици, но и на поретките како навахо, инуит, бамбара и есперанто. Ѕидот е отворен за јавноста бесплатно.
Идеата на уметниците била да се подигне еден траен споменик на љубовта во срцето на Париз.