Џесика Алба ужива со семејството по враќањето од Париз

Минатата недела Џесика Алба ја помина во Париз, каде што присуствуваше на ревиите на модната недела, а во саботата се врати дома и веднаш излезе на прошетка со целото семејство.

31-годишната актерка и овој пат не нѐ разочара со нејзиниот изглед. Се одлучила за фармерки со боја на ментол и кремасто џемперче. Алба го комплетирала својот изглед со рамни чевли со цветни дезени, сини очила за сонце и кожна чанта.

Зад неа не заостануваат ниту нејзиниот маж, Кеш Варен, и ќеркичките Хонор и Хавен, кои се модерно и стилски облечени.

- Реклама -