Поранешните сопружници заедно со новите партнери го прославија 12 роденден на синот на Марк Ентони, Кристиjан. Џенифер, Каспер, Шанон и Марк уживаа заедно со децата.
Откако се разведе, двојката постојано нагласуваше дека ќе остане во добри односи поради децата. Наводно ги разделила љубомората на Марк, но се чини дека успеале да ги надминат сите препреки, па заедно со своите нови партнери функционираат како едно големо среќно семејство.
Џенифер (43) и Марк (44) заедно го прославија роденденот на неговиот 12 годишен син Кристијан. На роденденот бил и Каспер Смарт (24) и девојката на Марк, Шанон де Лима, како и близнаците на Марк и Џенифер, Макс и Ема.
Марк и Шанон се заедно од минатата година, а Џенифер со Каспер се забавува од 2011 година.