Џенифер Анистон (44) е една од оние жени кои изгледаат неверојатно на секоја возраст. Веќе две децении, таа подеднакво блеска на телевизиските и кино екрани како и на црвениот килим, успешно позира за машките магазини и редовно се наоѓа на листите на најпосакувани жени во Холивуд и пошироко.
Таа ретко експериментира со шминката и обликот на фризурата, но затоа смело ги менува должината и нијансите на косата. Исто така признава дека направила неколку мали естетски зафати на лицето и телото.
За поздрав е нејзиниот изглед кој не е ни најмалку полош од оној од пред 15 години наназад. Тоа го потврдуваат и фотографиите во галеријата кои опфаѓаат фотографии од актерката од 1998 до 2012 година. Погледнете и пресудете сами!