Приказните за сексуалната определба на згодниот актер со години не излегува од медиумите, а Џејмс Франко сега одлучи конечно да проговори за сѐ во најновиот број на списанието „Attitude“. Џејмс застана пред објективот на Тери Ричардсон и објасни на кој начин гласините влијаат врз неговата кариера.
„Приказните за мојата сексуалност воопшто не ме мачат. Тоа никако да престане, и сите за тоа ме прашуваат. Сметам дека делумно тие се резултат на она што го правам, но и на она што не го правам“, изјавил 34-годишниот актер.
„Не сакам прашањето „Дали ова ќе е штетно за твојата кариера?“ да биде одлучувачки фактор за моето донесување на одлуки.“