Џеј Зи: „Не знам што би правел без Бијонсе!“

Познатиот рапер Џеј Зи (43), на Инстаграм објави фотографија од приватните моменти со сопругата и неговата ќерка. Тој открил колку е среќен што во неговиот живот ги има Бијонсе(31) и ќеркичката Блу Ајви.

Ќерката на Бијонсе и на Џеј Зи во јануари наполни една година, а според фотографиите кои се снимени во понеделникот додека пејачката се шеташе со нејзината ќерка во рацете, многумина коментираа како Блу Ајви многу личи на неа.

„Начинот на кој таа ми го промени животот. Што би било да ја немам? Каде би бил и кој би бил? Првиот пат кога ја видов имаше само 16 години. Тогаш наумив дека мора да биде моја. И еве, денес сме во брак и имаме едно дете. Таа ме спаси“, напишал Џеј Зи на „Инстаграм“ за своите чувства кон сопругата.

И Бијонсе неодамна изјави дека секој слободен момент го поминува со нејзиното семејство.

o-BEYONCE-BLUE-IVY-570

- Реклама -