Џеј Лено го напушта „The Tonight Show“

Познатиот комичар Џеј Лено, кој на американскиот телевизиски канал NBC го води популарното „The Tonight Show“ најави дека од следната пролет ја напушта емисијата и дека на негово место доаѓа Џими Фалон.

Лено (62) ќе ја заврши неговата 22-годишна кариера како водител на „The Tonight Show“ следната година, седум месеци пред истекот на неговиот договор.

N

Како што соопшти NBC, „The Tonight Show“ ќе биде преместено од студиото во Лос Анџелес во Њујорк каде што и почна во 1954 година.

jimmy-fallon-jay-leno-2

„Се надевам дека ќе имаш среќа како мене и дека ќе ја задржиш работата додека не станеш старец“, рекол Лено честитајќи му на Фалон (38).

Фалон од 1997 година го води шоуто „Saturday Night Live“

- Реклама -