Џеј Гринберг е дете-чудо и американски композитор, кој на свои 13 години има напишано 5 симфонии. Интересен е фактот што по терористичките напади во 2001, извесно време престојувал во Македонија.
Џеј Гринберг е дете-чудо и американски композитор, кој на свои 13 години има напишано 5 симфонии.
Во центарот на светското внимание дојде преку емисијата „60 минути“ на CBS. Кога зборуваме за композиција, се работи за можеби најголемиот музички гениј во историјата. Големите музичари и критичарите го споредуваат со Моцарт и Менделсон.
Гринберг компонира примарно на неговиот компјутер, преку специјален софтвер преку кој неговите идеи на хартија ги претвора во музика отсвирена од синтетички инструменти. Веќе има напишано 5 симфонии и уште многу други дела. Неговото најпознато дело е „Увертира за 9/11“, инспирирана од терористичките напади на 11 Септември 2001.
Интересен е фактот што за време на нападите, тој живеел во Македонија, но оттогаш се вратил во САД. Неговиот татко е американец и заработува како лингвист по славистика.
Неговата мајка со израелско потекло истотака не е музички образована, иако Џеј својот талент го пројавил на многу рана возраст. Кога имал 2 години прикажал опсесија за чело преку цртање безброј слики и дури во неколку наврати го спелувал зборот.
Неговите први обиди за композиција се на 3-годишна возраст.
Би било интересно доколку некој од Македонија кој бил во контакт со него, ни ги испрати своите импресии за ова младо момче и неговиот талент.
Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Џеј, кликнете на подоле наведените линкови.