Џедај религија инспирирана од Star Wars (видео)

Прочитај повеќе...Џедај Црквата е псевдо религија што од пред неколку години се појави во различни замји и се базира на Star Wars филмовите. Во 2001 година во Австралија, повеќе од 70.000 луѓе се декларирале себеси како поклоници на Џедај религијата. 390.000 жители на Велика Британија исто така потврдиле дека нивната религија е Џедај во пописот направен во 2001 година, што ја прави Џедај религијата четврта по ред најраспространета религија во земјата.

jedi-last-supperЏедај Црквата е псевдо религија што од пред неколку години се појави во различни замји и се базира на Star Wars филмовите. Во 2001 година во Австралија, повеќе од 70.000 луѓе се декларирале себеси како поклоници на Џедај религијата. 390.000 жители на Велика Британија исто така потврдиле дека нивната религија е Џедај во пописот направен во 2001 година, што ја прави Џедај религијата четврта по ред најраспространета религија во земјата.

Засновајќи се на верувањето за постоењето на Силата која ги поврзува сите нешта во универзумот, оваа религија на своите следбеници им дава можност и слободна волја да избираат помеѓу доброто или лошото, односно да можат да се определат за Темната или за Светлата страна.

На официјалната веб страна на Џедај религијата може да се купи сертификат за членство, да се изнајми Џедај свештеник за венчавка или да се гласа на различни теми како што се: кој припаѓа на Темната страна или како треба Џедај следбениците да се облекуваат.

Џедајска молитва
{youtube}1ApT0S2-22E{/youtube}
- Реклама -